Мармалад од праски со цимет
Состојки
- 2,5кг праски
- 800 гр шеќер
- 1 лажица цимет
- 1 џем-фикс
- 2 сок од лимон
Подготовка
Покрај останатите рецепти за разни џемови и мармалади, оваа сезона решив да го подготвам овој рецепт.
Никогаш не сум ги лупела праските, а оваа година за промена го направив тоа.
Еве ја постапката за подготовка
Убаво измијте ги праските. Јас ги оставам 20 минути во вода да отстојат.
Потоа излупете ги од лушпите и извадете им ги семките.
Исцедете два лимона и со сокот полејте ги праските па оставете во фрижидер барем 30 минути.
Потоа извадете од ладилникот и исецкајте ги на парчиња.
Парчињата ставете ги во апаратот за коктели на Делимано.
Ако немате апарат, тогаш можете да ги изблендирате со друг апарат.
Подготвената каша од праски префрлајте ја во сад и кога ќе си изблендирате сите додајте го шеќерот.
Оставете малку од сокот од праските за да го помешате џем фиксот.
Ставете на оган праските и шеќерот. Нека почне да врие, па додајте ја мешавината од сок со џем фикс. Зачинете со цимет. Со повремено мешање, варете 40 минути. Теглите нека бидат готови, миени и суви. Готовиот мармалад, полнете го топол во теглите. Оставете да се излади и стврдне, а потоа ладен затворете го со капаци.
На здравје
Забелешка
Кога ќе го собирате во теглите, мармаладот е уште течен. Но тоа не значи дека ќе остане во таква состојба. Како се лади така се стврднува. Ова е за една доза, а вие дуплирајте си по желба.