Испечати

Вкусен колач со смокви

Вкусен колач со смокви

Состојки

  • Тесто
  • 125 гр. путер/маргарин
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 3 јајца
  • 80 мл. сок од портокал
  • 100 гр. суво грозје
  • 150 гр. суви смокви (сечкани)
  • 200 гр. брашно
  • 1 пециво
  • 100 мл. млеко
  • 50 гр. чоколадо (рендано)
  • кора од 1/2 портокал
  • Фил
  • 1 кесичка прашок за пудинг од ванила
  • 3 лажици шеќер
  • 400 мл. млеко
  • 125 гр. путер/маргарин
  • Дополнително
  • 5 свежи смокви
  • 2 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка

Вкусен колач кој сигурно ќе им се допадне на љубителите на смоквите, па и сувото грозје, искомбинирани со чоколадото и портокалот. Филот дополнително го прави ровкиот колач да биде уште посочен и вкусен.

1. Сувото грозје се полева со исцеден сок од 1/2 свеж портокал и се остава да стои додека се прави тестото.

2. Се мати путерот/маргаринот со ванилиниот и шеќерот во прав, се додаваат јајцата, се мати до убава глатка смеса. Се додава млекото, брашното со измешаното пециво, ренданата кора од портокалот, се мати со миксерот и се додаваат сувото грозје со сокот од портокал, сечканите суви смокви и реданото чоколадо.

3. Се меша сето убаво и се пече во тавче (32х20 см), обложено со хартија за печење на 190 степени околу 30 минути. Се лади убаво.

4. Додека се пече тестото, се вари пудингот според упатството, но со 400 мл. млеко и се лади убаво. Штом пудингот ќе излади сосема, се мати со путерот/маргаринот и се премачкува врз изладеното тесто кое подобро е претходно да се извади од тавчето во друг сад/послужавник. Се става во фрижидер.

5. Свежите смокви се мијат, се сечкаат на кругови. Во сад се става шеќерот и ванилиниот шеќер, се полева со вода колку да го покрие, а штом ќе зоврие и ќе се стопи шеќерот, внимателно се ставаат круговите смокви да се поварат од двете страни во шербетот. Шербетисаните смокви се ставаат на салфетка и се ладат.

6. Изладениот колач се сечи на коцки и врз секоја коцка се става по една шербетисана смоква (за мене неодоливо вкусна).

Пробајте ја оваа комбинација на вкусови, а посебно пробајте ги свежите смокви во шербет од бел или кафеав шеќер.