Видео рецепт: Мока Семифредо
Состојки
- 2 јајца
- 3 лажици шеќер
- 2 лажици инстант кафе
- една доза ликер од кафе
- 1 лажица какао
- малку сол
- 1/4 шолја слатка павлака
Фичо ќе подготви леден десерт со вкус на кафе, но и сервиран во облик на кафе. Идеална комбинација, кафе и десерт во едно!
Подготовка
Чекор 1: Во сад за матење ставете ги јајцата, шеќерот и кафето. Додадете го ликерот, какаото и малку сол. Мешајте со жица сè додека смесата не се изедначи.
Чекор 2: Смесата ставете ја во сад на оган на средна температура и мешајте додека не добиете крем. Не смеете да ја оставите смесата без мешање. Откако ќе добиете крем, оставете ја смесата комплетно да се олади.
Чекор 3: Во сад ставете 1/4 шолја слатка павлака и матете додека не добиете цврст крем.
Чекор 4: Мока смесата додадете ја во изматената слатка павлака и мешајте со шпатула додека не се соединат.
Чекор 5: Сипете ја смесата во садовите за послужување и ставете ја во замрзнувач до посакуваната цврстина.
Чекор 6: Пред сервирање изматете малку крем павлака за декорација, но не ја матете црвсто за да наликува на пена од кафе, и сервирајте!
СОВЕТ: Ако имате ликер во кафе, може да додадете 1 доза пред спојување на двата крема, за поинтензивен мока вкус.