Испечати

Грклан кифли со кефир

Грклан кифли со кефир

Состојки

  • 500гр бело брашно
  • 200гр интегрално пченично брашно
  • 2 јајца
  • 100мл масло
  • 1 чаша кефир (180мл)
  • 1 лажица шеќер
  • 1/2лажиче сол
  • 100мл млако млеко
  • 40гр свеж кавасец
  • за премачкување
  • 70гр путер/маргарин
  • 1 јајце

Подготовка

Понеобична форма на меки кифлички, кои ги нареков грклан кифли.
Ако има грклан баклава нека има и грклан кифли.

Во млакото млеко се ставаат шеќерот, квасецот и малку брашно.
Нека се активира квасецот, па постепено се додаваат прво течните состојки, па брашното.
Се замесува тесто понамеко.
Се покрива со чиста крпа и нека кисни 20 минути.
Се дели на 5 топки.
Секоја се расукува во мала коричка со дијаметар од 20 цм.
Се редат едно врз друго, при тоа се премачкуваат со путерот- освен најгорната.
Сега на малку набрашнета маса се сучи голема танка кора.
Со помош на алатка се сечат ленти, па лентите се сечат на 4 дела.
Се завиткуваат гркланчињата.
Така се постапува со цело тесто.
Се редат во плех, киснат 20 минути, се премачкуваат со изматрено јајце и се печат околу 25 минути на 200 степени.

До колку немате алатка, сечете форми по ваша желба, како и да ги направите се убави.