Испечати

Канапеи со смокви

Канапеи со смокви

Состојки

  • 8 смокви
  • 4 парчиња сланина
  • 150 гр. плаво сирење
  • околу 1 рака ореви
  • 2 лажици мед
  • според ваша оцена тостиран леб

Подготовка

Малку чудни, но вкусни.
 
- Смоквите исечете ги хоризонтално на половина. Наредете ги во тавка постелена со хартија за печење.
- Сланината поситно исецкајте и пропржете.
- Сирењето исто така изронете или исецкајте
- Во средината на секоја исечена смоква ставете сланина, сирење, врз неа мала јатка орев, полијте ги со малку мед. Ставете во рерна загреана на 180 степена и нека се печат околу 10-15 мин. Потребно е сирењето да се стопи.
Додека се печат тостирајте парчиња леб.
- Извадете ги. Додека се топли пренесете на лебот, полијте ги со уште малку мед. 
Уживајте во нив притоа дополнувајки го вкусот и со некоја голтка вино.
Напомена
Едната половина од смоквите не може да стои право, затоа потсечете ја.
Наместо плаво сирење слободно ставете козјо.
Можете и врз медот да поросите мелен мешан бибер.