Ментол колач со афион (посно)
Состојки
- чаша од 220мл.
- 4 чаши брашно
- 2 чаши вода
- 1 чаша масло
- 2 чаши шеќер
- 1/4 чаша ментол сируп
- 1 пециво
- 50гр. афион
Подготовка
Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, пецивото и афионот.
Потоа додајте ги водата, маслото и ментол сирупот.
Измешајте убаво со жица за матење.
Садот за печење премачкајте го со масло и посипете го со брашно.
Истурете ја смесата и печете на 180 степени, 40 минути.
Испечениот колач оставете убаво да се олади, а потоа исечете на коцки и послужете се.