Испечати

Моја пастрмајлија

Моја пастрмајлија

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 250 мл млака вода
  • 90 мл масло
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 20 гр свеж квасец
  • 2 лажици свинска маст (сало)
  • 8 потполошкини јајца
  • - маринада за месо -
  • 500 гр свинска удина
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 лажиче буковска пипер
  • 1 лажица масло
  • сол, црн бибер по вкус и малку енибар

Подготовка

Името заради изгледот и начинот останало, ама пастрма – нема. Свинското е во замена.
Меракот кон оваа пита почна пред 20на години кога прв пат ја пробав во еден хотел во Штип. Трагајќи да создадам слична на неа, испитував начин и финти низ нетот и на крај сумирав од се во едно. Успеав многу приближно. Но, препорачувам кој можи посолидно да се снаоѓа со тесто (а секако во план за следна прилика ми е и мене) да се осмели да додаде уште мааалку вода од предложената. Тестото да заликува на она за мекици скоро, но да можи убаво да се оформи со вешти раце.

Исечете го месото на ситни коцкички. Измешајте го со зачините и оставете го во фрижидер да преноќи. Утрото додадете му една лажица масло, промешајте и оставете го уште некој саат да одстои во фрижидер.

Ставете го брашното во длабока вангла. Направете длабнатина во средината и истурете дел од водата, па додадете го шеќерот и издробен квасецот. По ивиците на брашното распоредете ја солта. По 5 минути, откако квасецот ќе запени, додадете го маслото и останатата количина топла вода и измесете меко тесто. Извадете го тестото на работната маса и исчукајте го од неа најмалку 50на пати, па потоа вратете го во ванглата и покријте го да нарасни околу половина час.

Нараснатото тесто поделете го на 4 дела и од секој оформете долгунести облици, тапкајќи само во средината со рака. Краевите да останат подигнати.
Плехот ставете го многу кратко во рерна, нецела минута и помалку, колку само да се затопли, но не и да се вжешти. Намастете го и наредете ги на него оформените пастрмајлии. Покријте со пацета и оставете ги да одморат уште 10-15 минути. Потоа наредете го маринираното месо и врз секое парче ставете по половина лажица свинска маст. Доколку немате, употребете маргарин, но тогаш ќе добиете крцкава кора за разлика од онаа мека со маста.
Ставете да се печат 10 минути во предходно добро загреана рерна на максимална температура. Без да ја отворате рерната. Кај мене 250С. Потоа извадете ги и макајќи од мрснотијата во средината премачкајте ги корите со четче. Скршете по 2 потполошкини јајца и вратете ги уште некои 3 минути во рерна да се допечат.
Пред да ги покриете, уште еднаш рабовите премачкајте ги со малку масло. Оставете ги 10 минути така покриени пред да ги послужите.