Испечати

Едноставен колач со капини

Едноставен колач со капини

Состојки

  • За подлогата
  • околу 400 гр. пишкоти
  • Фил
  • 800 гр. кисела павлака
  • 8 лажици шеќер во прав
  • 700 гр. капини
  • 150 мл. слатка павлака
  • 1 кеса шлаг или шлаг крем за горниот слој

Подготовка

Едноставен освежителен колач кој можете да го приготвите од било кое сезонско зрнасто овошје - малина, јагода,вишни, боровинка, рибизла

За овој колач потребно ви е подлабока тава која пред да почнете да ги редите пишкотите потребно е да ја навлажнете со вода. Наредете еден ред пишкоти.
- Во сад ставете ја киселата павлака и шеќерот во прав. Со лажица измешајте да се спојат, додадете ја цврсто сматената слатка павлака и овошјето. Убаво измешајте. Истурете и израмнете го филот врз веќе поставените пишкоти. Врз филот наредете ги остатокот од пишкотите, покријте со изматена шлаг пена или шлаг крем. Оставете во фрижидер да одстои преку ноќ за да се филот стегне, вкусовите спојат, а пишкотите омекнат.
Наредниот ден служете и сладете се!

Напомена
- Потребно е подлабока тава затоа што филот е течен. Димензиите се 23х32 см и јас ја користев малата ростер тава која сосема одговара.
- Во овој колач наместо свежо овошје можете да користите и слатко, но за сметка на тоа ке ја намалите количината на шеќерот. Во секој случај ако користите слатко - слободно пробајте и додадете шеќер толку колку што сакате вие да ви е благо.