Вртено
Состојки
- 500 гр. брашно
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 300 мл. млака вода
- 20 гр. свеж квасец
- 100 гр. путер/маргарин
- 200 гр. бело сирење
- 1 јајце
- сусам за посипување, масло по потреба
Подготовка
Еве едно вртено месенко, изведено на мој начин, лесно и брзо.
1. Во вангличе се става брашното, солта, шеќерот, издробениот квасец и топлата вода, се замесува и се додава малку масло и брашно по потреба да се добие средно тесто што не лепи.
2. Тестото се дели на 2 дела, од секој дел се сучи кора, се премачкува со путер/маргарин, се засечува и преклопува како на сликата и двете вака обработени теста се ставаат да стојат во фрижидер 15-20 минути.
3. Потоа се зема првото тесто од фрижидер, се рассукува правоаголна кора на која се мачка путер/маргарин, се ренда сирење и се остава настрана. Второто тесто се рассукува во кора исто колку првата и се става врз неа. Убаво се натапкува да се добие една кора, се сечат ремени, секој ремен се завртува како спирала и се става во плех од шпоретот врз хартија за печење.
4. Рерната се пушта да се загрее на 200 степени, а за тоа време вртеното си кисни.
Штом се загрее рерната, вртените ремени се премачкуваат со матеното јајце, се наросува со сусам и се пече 20 минути и уште 10 минути на 180 степени.
Испеченото вртено се попрскува со млака вода и се покрива со крпа.
На здравје!