Сируп од аронија,боровинки и капинки
Состојки
- 500гр аронија,боровинки,капинки
- 1 литар вода
- 700гр шеќер
Подготовка
Лесен сируп кој брзо се прави, а децата го обожаваат.
Се мие овошјето и заедно со водата и шеќерот се става на оган да зоврие. Откако ќе зоврие, да врие 15мин, па со рачен блендер се блендира овошјето убаво да ги испушти соковите. Се остава убаво да се излади смесата. Се додава сокот од лимон, се процедува низ стерилна газа, а потоа се складира во стерилни шишиња. Од оваа колична излегува околу 1,5л сируп за растварање. Остатоците од овошјето чувајте ги за превкусен џем кој ќе го објавам следно.