Топчиња со пармезан, лук и копар
Состојки
- 20 гр свеж квасец
- пола чаша (од 200мл) масло
- пола чаша јогурт
- 100мл вода (за квасецот)
- 1 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- 3 лажици ситно рендан пармезан
- 1 лажица лук во прав
- по потреба брашно (да се добие средно меко тесто -околу 500гр)
- плус
Подготовка
Се става квасецот во млака вода со шеќерот и малку брашно. Се остава да се активира околу 10мин додека не се запени.
Во сад се мешаат сите состојки и се меси додека не се добие убаво мазно тесто. Се остава да отстои 30-40мин. Со рака се зема од тестото се формираат топчиња со големина колку орев и се редат на намрсен плех. Се оставаат да стасаат околу 15 мин.
Се топи маргарин и со четче секое топче се премачкува со маргарин, па се наросува презла, пармезан, лук во прав и копар. Се печат во загреана рерна на 250 степени додека не поруменат (околу 15 тина минути).