Испечати

Пржени пиперки со домати (посно)

Пржени пиперки со домати (посно)

Состојки

  • 1 кг. пиперки (врвоинки)
  • 500 гр. домати
  • 1 главичка лук
  • сол по вкус, масло, магдонос

Подготовка

Ги сакам едноставните и вкусни македонски јадења, а ова е потсетување на едно такво, кое не верувам дека некој не го пробал.

1. Пиперките се мијат, се сечкаат, се посолуваат и се ставаат да се пржат. Пиперките - врвоинки како што ги нарекуваме кај нас, послатки ни се јадење од индустриските бидејќи содржат помалку вода, потенки се и при пржењето не калираат многу.
2. Кога пиперките ќе подомекнат, им се додаваат измиените, излупени и на коцки исечкани домати. Се пржи на тивко, а штом течноста од доматите ќе стане погуста, се додава и исечканиот лук.
3. Се пржи уште некое време, се посолува по потреба и се додава магдонос во количина по желба.

Зависно од тоа дали консумирате луто, за пикантен вкус додадете си луто пиперче во пржењето. Без лукче, и со додавање на матени јајца имаме вкусен мрсен ручек.
Која варијанта и да се прави, со топло лебче и сиренце по желба, ручек за мерак.
На здравје!