Испечати

Гавурдаги – турска салата

Гавурдаги – турска салата

Состојки

  • 2 домати
  • 1 пиперка
  • 1 кромид
  • 1 млад кромид
  • 50 гр сечкани ореви
  • 1/2 китка магдонос
  • листови од две гранчиња свежо нане
  • феферонка по вкус
  • маслиново масло
  • сируп од калинка или балсамико оцет
  • лимонов сок
  • сол и мелен кумин по вкус

Подготовка

На југот на Турција има планина по која оваа вкусна салата го добила името. Одлично оди со ќебапи и ќофтиња, ама и во време на пост со тазе печено лебче.

Подтотовка
Исечкајте го зеленчукот на ситни парчиња. Во еден сад измешајте ги маслиновото масло, лимоновиот сок, сирупот од калинка и солта. Прелијте го сечканиот зеленчук и оставете 15 минути да ги впие соковите. Додадете ги оревите и послужете.

Забелешка
Доколку немате сируп од калинка ставете една лажица оцет балсамико, не дека е многу соодветна замена, ама и така е вкусна салатата. Може и лук да се насечка во салатата, а може и свежа краставичка, но ова е оригиналниот рецепт, кој може да го комбинирате по вкус и желба.