Испечати

Долма-полнети тиквиња

Долма-полнети тиквиња

Состојки

  • 2 поголеми тиквиња
  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 50 гр ориз
  • 500 гр домати
  • зачини магдонос, сол, бибер

Подготовка

Тиквињата сечете ги отприлика на четири дела, издлабете ги (семето) и наредете ги во земјена тава.
Кромидот исечкајте го наситно, ставете го да се пржи па ставете го и месото. Откако ќе издинста малку, зачинете, ставете исечкан магдонос, оризот и 1 лажиче црвена пипер.
Наполнете ги тиквињата со смесата, а одозгора затворете ги со парче домат. Смесата која ќе ви остане распоредете ја околу тиквињата.
Преостанатите домати, исечкајте ги и ставете ги во тавата.
Турете вода, отприлика 400 мл, малку испрскајте ги тиквињата со масло, покријте ја тавата со фолија и ставете ја во рерна на 200 степени.
Се пече отприлика еден час, а потоа извадете ја фолијата и вратете ја тавата да се допече,
На крајот јас ставам и запршка, а одозгора и ситно исечкан магдонос.