Домашна крем супа од домати
Состојки
- 1 кгр. домати (пелати)
- 1 главица кромид
- 100 мл. суво бело вино
- 3-4 листови свеж босилок
- 2 чешниња лук
- 1 лажица шеќер
- 2 лажици кисела павлака
- на вкус сол и бибер
- 50-60 мл масло
Подготовка
Брзо,лесно и вкусно.
- На мешавина од маслиново и обично масло пропржете го ситно сецканиот кромид кој сосема малку ќе го посолите. Пржете додека да стане стаклест. Подлијте го испржениот кромид со виното, додадете ги излупените домати, ставете свежиот босилок, сецканото или низ преса стиснато лукчето, додадете го шеќерот, осолете на вкус, додадете бибер. Оставете нека зоврие и откако ќе зоврие нека вари околу 5-6 мин. на намалена температура.
- Тргнете од огнот, со стапен миксер или со чоперот измиксајте ја целата содржина, додадете ја киселата павлака за да ја напрви што покремаста супата и секако дава свој придонес на вкусот, измешајте... супата е готова.
Послужете ја.
Напомена
- Јас случајно имам пелати, а пожелно е оваа супа да биде токму со нив спремана. Доколку ги немате, тогаш ако си земете конзервирани, ќе ја имате и оваа вкусна супа.
- Доколку ја спремате и за мали деца, а ви пречи присуството на виното кое воопшто не се чувствува на вкус, заменете со вода, но само заради децата, спротивно би сакала да ги користите состојките онака како што се запишани. Кој не сака босилек нека додаде магдонос.