Испечати

Макало со домати

Макало со домати

Состојки

  • 1 кромид
  • 3 модри патлиџани
  • 1 поголем домат
  • 500 мл доматно пире
  • 1/2 китка магдонос
  • масло за пржење
  • зачини по вкус и желба, бибер, буковец, куркума, мешан сув зачин, оригано

Подготовка

Посно и вкусно макало е ова, па ако се решите да го подготвувате, а особено ако го комбинирате со луто пиперка, тогаш набавете си повеќе леб.

Подготовка
1. Модрите патлиџани ги лупиме и ги сечеме на кругови. Ги пржиме во загреано масло. Ги ставаме на салфетка за да го впие вишокот на маслото, па ги сечкаме, дробиме, пасираме или сл.
2. Кромидот ситно го сечкаме и го запржуваме на масло до застаклување. Црвениот домат го сечкаме и го ставаме да се упржи.
3. Ги ставаме модрите патлиџани, па запржуваме кратко.
4. Го ставаме доматното пире мешаме и пржиме на тивко додека да се соединат вкусовите.
5. Сосема на крајот ги додаваме зачините и сечканиот магдонос.

Забелешка
Црвениот домат можете да го излупите пред да го исечкате. Можете да го ставите со кромидот да се пржи, откако малку кромидот се запржил, а може и заедно со модрите патлиџани. Ако сакате луто можете да ставите и печена, па толчена лута пиперка.