Испечати

Патлиџано макарони

Патлиџано макарони

Состојки

  • 1 поголем модар патлиџан
  • 2 домати
  • 500гр макарони
  • 300 гр изварка/урда
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 лажиче мешавина италијански зачини
  • 1 чајно лажиче сенф во прав
  • 1 чајно лажиче лук во прав (или 2-3 чешниња)
  • 1 лажиче соја сос
  • 1 лажиче песто (по желба)
  • по желба ситно сецкан магдонос

Подготовка

Испечете го модриот патлиџан, па ставете го во сецко или блендер заедно со доматите излупени од лушпата и издробени. Сомелете. Додадете ги останатите состојки и измешајте. Соодносот на зачините доколку имате потреба подесете го спрема ваш вкус.
Сварете ги макароните, исцедете ги и вмешајте го сосот во нив. Заедно се вратете врз топлата рингла и мешајте неколку минути додека се убаво се спои меѓусебно. Послужете.