Испечати

Прилепска араванија

Прилепска араванија

Состојки

  • Тесто
  • 8 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 8 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 12 лажици гриз
  • Шербет
  • 900 гр. шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 литар вода

Подготовка

Рецепти за парени десерти од овој тип има повеќе со разни варијанти, со ореви, со кокос и друго, но јас овој пат го презентирам овој проверен и вкусен рецепт за араванија како што ја нарекуваме кај нас.
Многу едноставна и лесна за подготовка.

1. Јајцата (да се на собна температура) заедно со ванилиниот и белиот шеќер се матат со миксер убаво 10-15 минути додека да се зголеми волуменот на смесата.

2. Брашното, пецивото и гризот претходно измешани, се додаваат во изматените јајца, се мати додека да се изедначи сето убаво.

3. Смесата се истура во намастена и набрашнета тава бр.30 или 32, се пече на 190 степени 20 минути и уште 5 минути на 180 степени. Се лади убаво.

4. Кога тестото е изладено, се сече на локуми или коцки, се вари шербетот и веднаш додека е жежок се истура врз тестото. Се тура пополека рамномерно за да не дојде до лупење на површинскиот дел од тестото.
После 4-5 часа тестото ќе го впие шербетот и веќе може да се облажите.
Пробајте, не ќе зажалите! На здравје!