Полнети домати со зеленчук
Состојки
- 4 средни домати
- 200 гр мелено месо
- 1 филџан (75 мл) ориз
- 1 средна пиперка
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 2 чешниња лук
- 30 гр пченка
- 30 гр грашок
- 1 лажица маст
- 3-4 лажици зејтин
- по вкус мешан зачин
- по вкус сол
- по желба магдонос
- по жебла мелен црн бибер
Подготовка
За денес ви предлагам една уникатна комбинација од мелено месо, зеленчук и ориз. Верувам дека ќе ви се допадне затоа што може да го подготвите и со вашите омилени зеленчуци.
1. Најпрво доматите со нож исечете ги во средината, потоа со кафено лажиче извадета му ја средината како на сликата. Потоа средината со нож исецкајте ја на ситни коцки и ставете ја во тава на оган.
2. Пиперката, лукчето, морковот и кромидот исеткајте ги ситно и ставте ги во тавата. Додајте ги грашокот, пченката и маста. Оставте да се динста на тивок оган и додајте ги зачините по вкус.
3. Во друга тава на оган ставете го зејтинот и меленото месо и мешајте додека да се испржи месото.
4. Откако течноста ќе испари од зеленчукот додајте го меленото месо и оризот и промешајте нежно.
5. Со кафено лажиче земајте од смесата и полнете ги доматите, но немојте да стегате затоа што треба да има доволно простор за да се свари оризот. Откако ќе ги наполнете остатокот од зеленчукот распоредете го во тавата во која ќе ги подготвувате доматите.
6. Во тавата налејте 500 мл врела вода. Тавата ставте ја во претходно загреана рерна на 200С - 40 мин (додека да се свари оризот). Откако ќе бидат готови оставте ги неколку минути да се оладат па сервирајте.Добар апетит..
Совет-кога ги подготвував доматите ги исеков на неколку места да може да влезе од водата во нив за да може да се свари оризот. Рерната вклучете ја уште пред да почнете со подготовка на полнетите домати. По желба може да ставтите и некој друг вид зеленчук (брокула,црн домат, карфиол, феферонче...) се зависи од вас како ги обожавате или може да изоставите некој од оние кои јас ги ставив тие ми се најдоа во кујната кога ги правев. Следниот пат кога ќе ги подготвам обавезно ќе ставам и брокула.