Испечати

Фанта палачинки

Фанта палачинки

Состојки

  • 250мл фанта (или било кој газиран сок со вкус на портокал)
  • 200мл млеко
  • 2 јајца
  • 2 лажици масло
  • неколку зрна сол
  • околу 150-200гр брашно (по потреба)

Подготовка

Вкусни палачинки, со убава боја, со тенки рабови,меки.....

Во вангличка се ставаат сите состојки за палачинките.
Убаво се проомешува, може да се соедини и со миксер.
Постепено се додава од брашното.
Нека одстои смесата 10 минути.
Потоа на делимано тава се пржат палачинките од двете страни.
По потреба во тавата се ставаат 2-3 капки масло.
Смесата се истура во средина на тавата, а потоа се врти тавата на косо за да се распореди смесата.
Треба палачинките да бидат тенки. Мачкајте со мармалад од праски, кајсии, крем....и уживајте.
Ете предлог за денешниот појадок.