Испечати

Брза слатка пита

Брза слатка пита

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша кисело млеко
  • 1/2 чаша зејтин
  • 3 чаши брашно
  • 1 пециво
  • 100гр суви смокви
  • 100гр суви урми
  • 100гр сушена брусница

Подготовка

Урмите и смоквите се попаруваат со врела вода колку да се покријат и се оставаат да поседат така додека не се измати пандишпанот.
Јајцата се матат со шеќерот, а потоа им се додава млекото, зејтинот и брашното помешано со пецивото. Смесата убаво се меша и се додаваат сецканите урми и смокви. Се додава и брусницата и питата се става на печење.
Шеќерот е сосема доволен поради слаткоста на овошјето, а кој сака дополнително да го заслади може да се искористи и водата во која одстоило овошјето.
Слатка пита налик на солена брза пита која може да трпи промена на овошјето.
Чаша 200мл