Испечати

Леб - панбриош со јогурт

Леб - панбриош со јогурт

Состојки

  • 100мл млеко
  • 150мл јогурт
  • 12гр свеж квасец
  • 10гр сол
  • 30гр шеќер
  • 2 јајца
  • 1 жолчка
  • 60гр стопен путер
  • 500гр бело брашно
  • за премачкување
  • 1 белка
  • семки од сусам, лен....

Подготовка

Прекрасен леб со крцкава коричка и мек како душа.
Јас го правев по рецепт на Анавалби, но истиот рецепт го најдов на еден италијански сајт.
Еве слика и од оргиналот како прилог.
Таму се вели дека се користи 250 гр брашно манитоба и 250гр пченично брашно, тип 00.
Исто во оргиналниот рецепт времето на киснење е 90 минути, јас го киснев пократко, бидејќи многу е топло и многу брзо втасува.

Начин на подготовка.
Во млакото млеко се става квасецот, малку од шеќерот, малку брашно.
Се промешува и нека кисни 15 минути.
Потоа постепено се додаваат остатокот од шеќерот, постепено од јогуртот, јајцата и убаво се мати со вилушка или со миксер.
Сега се додава солта и брашното.
Постепено при месењето се додава растопениот путер.
Се замесува тесто понамеко.
Се покрива со фолија и нека кисни 45 минути.
Потоа се превртува на масата, нежно се премесува, се предиплува 3 пати како лиснатото тесто.
Нека одстои уште 15 минути.
Потоа нежно се сучи кора, која на крајот ја засекуваме неколку пати.
Се витка како ролат, кисни уште 30 минути, се премачкува со белка, се наросува со сусам и се печи околу 40 минути на 200 степени.
Од оваа доза излегуваат 2 помали векни или една голема векна.