Сладолед торта
Состојки
- Темен фил
- 2 кесички сладолед од лешник
- 1 пакување од 18гр топло чоколадо
- 350мл ладно домашно млеко
- 3-4 големи лажици несквик
- Бел фил
- 1 кесичка сладолед страчатела
- 150мл ладно томашно млеко
- бисквит
- 200-300гр бисквити
- 100гр инстант кафе
Подготовка
Сладоледот од лешник го матиме убаво со 350 гр млеко. Откако убаво ќе се измати го додаваме топлото чоколадо и несквикот. И повторно матиме. Го матиме и страчателата сладолед со млекото. Во куглов ставаме фолија и ставаме од чоколадниот фил расфрлено. Потоа од белиот и се така додека не завршат двата сладоледи. Но да бидат како еден вид зебра. Најодозгора редиме бисквити потопени во инстант кафе. На здравје.