Галета со домати и овчко сирење
Состојки
- 200-250 г брашно
- 1 јајце
- 120 г путер
- 200-250 г сирење
- малку сол и шеќер
- по потреба домати
Подготовка
Путерот, јајцето,шеќерот и солта се мешаат заедно и се додава брашното.
Добиеното тесто се прибира во фрижидер за 10-15 мин.
Тестото се расукува и врз него се поставува сирењето и доматите.
Се печи на 200 степени 30 мин.
Дозата е за 4 индивидуални порции.