Коцки со мармалад и праски
Состојки
- 200гр. свинска маст или путер
- 200гр. кисела павлака
- 600гр. брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- фил
- мармалад и 2-3 праски,шеќер во прав
Подготовка
Убава мека овошна пита со праски и домашен мармалад.
Идеална за послужување со кафе или чај беа на мени кај мене пред некој ден затоа топло ви ги препорачувам.
Подготовка.
Од сите состојки замесете мазно тесто. Не треба да стасува веднаш го подготвуваме.
На набрашнета работна маса развлечете тесто од едната половина со големина и форма какво ви е тавчето (јас ја печев во големото правоаголно тавче на делимано). На едната половина премачкајте мармалад, а на другата половина сецкани праски. Врз филот ставете ја втората половина од питата.
Печете на 200степени половина час се додека не добијат убава златна боја. Пред печење исечете убави коцки полесно ќе ви биде после за вадење.
Изладете ги коцките посолете со шеќер во прав и уживајте.
Добар апетит!!!