Испечати

Посни коцки

Посни коцки

Состојки

  • 200 гр шеќер
  • 300 гр брашно
  • 1 пециво
  • 1 лажица какао
  • 3 лажици масло
  • 2 ванили
  • 4 лажици мармалад од кајсии
  • малку екстрат од рум
  • 300 мл вода
  • 100 гр темно чоколадо (за одозгора)

Подготовка

Најпрво се мешаат сувите состојки, па се додава водата.
Убаво се промешува.
На плехот од рерната поставете хартија, намрсете ја и истурете ја смесата.
Печете во загреана рерна на 180 степени.
Испечениот кекс исечете го по должина и откако ќе се излади премачкајте го со мармалад од кајсии на средината и одозгора.
На крајот прелијте го со стопено чоколадо.