Солени авокадо чамци
Состојки
- 1 авокадо
- 1 мала конзерва туна
- 1 домат
- 2-3 црни маслинки
- 2-3 зелени маслинки со пиперче
- 1 полна лажица кисела павлака
- 1 лажица мајонез
- 2 лажици готов сенф дресинг
- 1 лажиче рендан пармезан (можи и не мора)
- малку ситно сецкан магдонос
Подготовка
Исечете го авокадото на половина. Внимателно одвојте го од коската. Секоја половина со нож внимателно изрежете ја покрај лушпата и одвојте ја од пулпата. Половинките лушпи оставете ги на страна за сервирање. Авокадото исечкате го на ситни коцкички.
Доматот сечете го на половина. Со помош на лажиче или нож одделете го мекиот од меснатиот дел. Ставете го мекиот дел во сад на страна каде сте ја истуриле туната исцедена од маслото. Меснатиот исечкајте го на ситни коцкички и ставете го во садот кај авокадото.
Во садот со туната, додадете ги павлаката, мајонезот, дресингот и пармезанот. Измашајте компактно и потоа додадете ги сечканиот домат и авокадо. И маслинките исечкајте ги ситно на коцкички, па се внимателно измешајте.
Со помош на лажица полнете ги чамците од авокадо лушпи со подготвената содржина. Одозгора наросете ситно сецкан магдонос.
*Доколку немате сенф дресинг, тогаш додадете малку сенф (околу 1/3 лажиче) и зачинете со бибер, сол, оригано... За сметка на тоа минимално зголемете ги и течните состојки.