Испечати

Полпети од црвен домат

Полпети од црвен домат

Состојки

  • 2 големи црвени домати
  • 1/2 главица сецкан кромид
  • 1 јајце
  • 2-3 лажици брашно
  • 1 лажиче гриз
  • 2-3 лажици фета сирење (или урда)
  • 1/2 лажиче пециво
  • магдонос, нане, сол, бибер, масло за пржење

Подготовка

Декоративни, многу вкусни полпети.
Пробајте ги

Прво црвените домати, се чистат од семето, се сецкаат на ситни коцки и се стават во цедалка 20 минути да се исцедат.
Потоа во една здела се соединуваат сите состојки, убаво се промешува.
На делимано тава се става по некоја капка масло, се вадат со лажиче и се пржат од двете страни по 1-2 минути.
Сервирајте и уживајте во убавиот вкус.

Напомена - количината на брашно може да варира, се во зависност од водливоста на доматите.