Испечати

Грашок со печурки (посно)

Грашок со печурки (посно)

Состојки

  • 450 гр грашак
  • 1 главица кромид
  • 250 гр свежи печурки-шампињони
  • 200 мл доматен сок (или еден поголем изрендан домат без лушпа)
  • по вкус зачини ( сол, бибер, мелен црвен пипер)
  • 1-1,5 литар вода

Подготовка

Во тек на Богородичните пости еве и мал мој придонес за идеја за едноставен ручек. Идејата за ова јадење ја позајмив од една студенска менза, кога ние како студенти, со душа го чекавме денот кога ова јадење беше на мени. Од тогаш па до ден денес редовно е на нашата трпеза. Подготовката е скоро идентична како за секоја манџа

Ситно исецкајте ја главицата кромид и пропржете ја на малку масло, да омекне и да добие стаклест изглед. Печурките исечкајте ги на листови и додајте ги во тенџерето и тие малку да се подзапржат, додека да им испари водата. Додајте го доматниот сок (или еден поголем изрендан домат), додајте го и грашокот и зачинете по вкус. Јас не сакам да му го менувам вкусот на грашакот па ставам само сол и бибер, а вие зачинете си онака како што си милувате. Налејте литар до литар ипол вода и оставете на тивок оган да се вари околу час и половина.

Некои сакаат, а некои не да стават на крај запршка во грашокот. Мене и на моиве дома ни е поубав кога е погуст, па пред крај ставам стандардна запршка како за секоја манџа со 2-3 лажици запржено брашно и лажичка мелен црвен пипер...ако не сакате може и да ја изоставите.

На здравје