Компирова чорба со свинско месо и зеленчук
Состојки
- 400 гр свински шницли
- 1 главица кромид
- 4-5 компира
- 3 моркова
- 5 бамји
- 3 зелени пиперки
- 1/2 модар патлиџан
- 3-4 чешниња лук
- 1 домат
- 1 лажиче јадра сол
- 2 лажици мешан зачин
- 1/2 лажиче црн бибер
- 1 лажица сушена мешавина од зеленчук за супа
- 1 лажица црвен пипер
Подготовка
1. Месото се става да се свари заедно со целиот останат зеленчук (освен главицата кромид ) и со зачините (без црвениот пипер)
2. Откако ќе се свари месото, се подготвува чорбата
3. Најпрво се запржува кромидот ситно исечкан и во него се додаваат компирите, лупени и исечени на поголеми парчиња
4. Се додава и месото исцедено од водата во кое се вареше претходно
5. Се пропржува ова и во него се додава испасиран целиот сварен зеленчук (во Делимано чоперот)
6. Се додаваат зачините, испасираниот домат, исечканиот магдонос и се залева со вода и се остава чорбата да се вари на тивок оган околу 30-тина минути
...Јас не и додавам на оваа чорба запршка на крајот бидејќи е доволно густа од зеленчукот, а и од самиот компир.