Испечати

Овошна пана кота

Овошна пана кота

Состојки

  • 300 мл. млеко
  • 200 мл. слатка павлака
  • 1-2 лажици мед
  • 2 паковања желатин
  • околу 300 мл. сок од капини
  • на вкус шеќер

Подготовка

Денешниот десерт со капинки.
 
- Одвоено во садчиња ставете го една кеса од желатинот, додадете 1-2 лажици вода и оставете да набабри.
- Во касерола измешајте ги млекото и слатката павлака, ставете на оган да се грее и да ја доведете смесата до пред точка на вриење, внимавајте да не да зоврие.
- Тргнете настрана, додадете го медот и едната кеса натопен желатин. Мешајте додека целото тоа се спои и растопи. 
- Ставете во форми кои вие ќе си ги изберете. Нека на собна температура олади, потоа ставете во фрижидер.
- Спремете сок од капини или ако имате готов веќе истурете во касерола, загрејте го и него, додадете шеќер по ваш вкус. Тргнете настрана, додадете желатинот, бркајте додека се стопи, исто така нека олади на собна температура.
Проверете дали доволно е зацврстена пана котата, извадете ги модлите, залијте со сокот. Вратете повторно во фрижидер да се зацврсти и сокот.
Послужете.
Напомена
- Јас ги испасирав капините, додадов вода, малку шеќер, оставив да проврие, тргнав настрана, го додадов желатинот оставајки го да олади.
- Прво ја спремав панакота, истурив во модли (еве ова во чашата ја накривив малку потпирајки ја за да остане накосо, потоа ја дополнив со сокот од капини.
- Доколку сакате пана кота со лаванда, (токму таа сакав да ја спремам, но одпосле видов дека прецветала и веднаш заменив со капините) тогаш при затоплувањето на млекото и павлаката ставете и лажица лаванда, откако се загреала тргнете настрана. Прецедете за да ја извадите лавандата. Додадете го желатинот и понтамау само излијте во модлите - нека одстои како погоре објаснетото.