Испечати

Пржени триаголници

Пржени триаголници

Состојки

  • за тесто
  • 100 гр рендана салама (пилешки гради)
  • 100 гр рендано бело сирење
  • 1 јајце
  • 100 мл јогурт
  • по вкус (1/2 мала лажичка) сол
  • 1/2 кесичка ( 6 гр) пециво
  • 250-300 гр брашно
  • 1 голема лажица масло
  • по потреба масло за пржење

Подготовка

Триаголнициве испаднаа ептен убаво топло предјадење-мезе, а со чаша јогурт би биле и одличен појадок. Се подготвуваат лесно и многу брзо, зошто не им треба стасување на тестото. Подготовката е следна

Во подлабок сад разматете го јајцето со жица за матење. Додајте го прашокот за пециво, сол, јогурт и една лажица масло. Промешајте кратко да се изедначи смесата. Во садот додајте ги претходно изренданата салама ( јас користев пилешки гради) и бело сирење. Додајте го и постепено брашното.

Замесете со рака тесто. Расучете го во кора со дебелина од 8-10 мм и сечете триаголници со големина по желба. Пржете ги триаголниците на умерен оган додека да заруменат од двете страни. Како прилог можете да искористите различни намази и макала. Јас овој пат ги комбинирав со макало од кисела павлака со малку лук, копар и маслиново масло. Супер брзо и вкусно. И подизладени си останаа со крцкава коричка и мека внатрешност.

На здравје