Бурек со гужвани кори
Состојки
- 500 гр готови кори
- 300 гр фета сирење
- 100 мл масло за јадење
- 100 мл вода
- малку сол
- 1 лажичка сусам
Подготовка
1. Во еден шол од 200 мл се мешаат водата и маслото за јадење
2. Тавче бр.26 се намрсува со малку масло
3. Се редат 2 кори на тавчето со краевите надвор од тавата
4. Се попрскуваат со маслото и водата
5. Се попрскува со издробеното сирење
6. Секоја кора се попрскува со мешавината од вода и масло, а секоја втора кора се реди со сирење
7. Само првите две кори се ставаат со краевите надвор од тавата, а сите останати се редат згужвани во тавата, се попрскуваат со течноста и со сирењето
8. Последните две кори се попрскуваат само со масло, а не се става сирење
9. Најозгора се попрскува со сусам и се става да се пече веднаш на 180 С во загреана рерна околу 30-40 мин.