Мекици со пире од варена пченка
Состојки
- производи
- 350 гр. пченка зрна
- 200 мл. вода
- 2 јајца
- 1/2 лажичка сол
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажица ракија
Подготовка
Користев купена замрзната пченка која беше многу стара и тврда. Не беше убава за јадењата во кои вообичаено ја користам, па решив да направам пире од неа наместо да ја фрлам.
1. Сварете пченката во водата во тенџере под капак.
2. Пасирајте ја пченката со малку од водата во која се вари, а потоа исцедете во сито.
3. Додадете во пирето сол, сода бикарбона и јајцата и добро промешајте.
4. Додадете брашно додека не се добие густа каша која може да се прелива со лажица.
5. Оставете го тестото да се одмори 20 мин.
6. Мекичките и се пржат на умерен оган и ги вадете врз кујнска хартија да се исцеди од вишокот на масти.
Многу пријатен вкус се добива со сирење или омилено слатко