Овошна торта Дени
Состојки
- За пандишпан
- 9 белки
- 3 жолчки
- 9 лажици шеќер
- 1,5 лажици брашно
- 1 пудинг од јагода
- 1 лажица густин
- 150 гр ситно сечкано чоколадо
- За кафен и жолт фил
- 750 мл млеко
- 370 гр шеќер
- 2 ванили
- 3 пудинга од ванила
- 6 жолчки
- 300 гр маргарин
- 100 гр бело чоколадо (за жолтиот фил)
- 150 гр кафен еуро крем (за кафениот фил)
- 50 гр сечкано чоколадо (за кафениот фил)
- За розов фил
- 400 мл млеко
- 5 лаж шеќер
- 2 пудинга од шумско овошје
- 3 жолчки (оние што остануваат од подготовката на кајмаците)
- 100 гр бело чоколадо
- 200 гр маргарин
- За кајмачиња (пуслици,целуфки)
- 3 белки
- 210 гр шеќер
- За декорација
- 500мл слатка павлака
- Дополнително
- 750 гр пишкоти
- шлаг пена ванила
- шлаг пена чоколадо
- 200 гр капини
- 300-400 гр јагоди
Подготовка
Подготовка на пандишпанот
Се матат белките со шеќерот пенасто. Откако ќе се изматат, се додаваат жолчките една по една и се мати со миксерот. Се исклучува миксерот и се додаваат брашното, пудингот, густинот и чоколадото. Се меша се убаво со дрвена лажица. Се пече во четвртаст плех 25х35 обложено со хартија за печење во загреана рерна на 180 С околу 30 мин. Пандишпанот се сече на два дела.
Подготовка на кафен и жолт фил
Млекото се вари со шеќерот и ванилата. Во мал дел од млекото кој е претходно одвоен од целата наведена количина се раствораат пудинзите заедно со жолчките и се додаваат во врелото млеко да се свари пудинг. Откако ќе излади се додава претходно изматениот маргарин.
Филот се дели на два дела. Во едниот се додава растопеното бело чоколадо, а во другиот се додава еуро кремот и сечканото чоколадо.
Подготовка на розов фил
Млекото се вари со шеќерот, со растворениот пудинги изматените жолчки во пудингот. Додека е уште топол пудингот се додава чоколадото и се меша додека се растопи чоколадото. Откако ќе излади пудингот, се додава претходно матениот маргарин.
Подготовка на кајмачињата (пуслици, целуфки)
Во сад со заоблено дно се ставаат белките со шеќерот и садот се става врз друг сад во кој врие вода на ринглата. Се мати со маталка околу 4-5 мин додека да се растопи шеќерот. Откако ќе се стопи, белките се префрлаат во друг сад и се мати со миксер околу 10 мин додека стане пенасто. Се става смесата во шприц и се прават кајмачиња (пуслици) во плех обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 100 С , 60 мин. Потоа се отвара рерната и се оставаат кајмаците во неа додека сосема не се оладат.
Тортата се реди
1. Прв дел од пандишпанот
2. Жолт фил (ванила)
3. Пишкоти околу 200-250 гр (да се покрие тортата)
4. Овошен (розов) фил
5. Јагоди
6. Кајмаци (пуслици)
7. Кафен фил
8. Втор дел од пандишпанот
9. Шлаг крем од ванила (изматен со 100 мл млеко според упатството за употреба на пакетчето)
10. Шлаг крем од чоколадо (изматен со 100 мл млеко според упатството за употреа на пакетчето) –за премачкување од страните на тортата
11. Слатка павлака
12. Пишкоти – за редење од страните на тортата (околу 400-500 гр)
13. Капини за декорација на тортата и чоколадни украси
14. Сируп од јагоди (варен со малку сок од јагоди и шеќер и густин)