Испечати

Видео рецепт: Пита со зеленчук и сирење

Видео рецепт: Пита со зеленчук и сирење

Состојки

  • готово лиснато тесто
  • путер за намастување
  • 1 јајце
  • 1 шолја урда
  • 1 + 1/2 шолја рендан кашкавал
  • мускатно оревче
  • прстофат сол
  • 2 топчиња моцарела
  • малку оригано
  • модар патлиџан
  • 1 тиквичка
  • 1 морков
  • малку блитва
  • маслиниво масло

Фичо ќе направи вкусен и декоративен ручек, пита од зеленчук и повеќе вида сирење.

Подготовка

Чекор 1: Лиснатото тесто расукајте го, но внимавајте да не биде многу тенко. Тавата во која ќе печете, намастете ја со путер. Ставете го тестото во тавата за печење, направете дупчиња на тестото, ставете врз него хартија за печење и леќа. Печете 10-12 минути на 200 степени.

Чекор 2: Додека се пече пригответе ја крем подлогата. Во сад изматете ги јајцето, урдата и ренданиот кашкавал. Изрендајте малку мускатно оревче. Фичо го обожава овој зачин. Додадете прстофат сол, сецкана моцарела и оригано.

Чекор 3: За цветовите од зеленчук од секое парче зеленчук извадете тенки ленти. Меѓу цветовите пополнете со блитва за зеленило. Наредете ги цветовите врз крем подлогата. Премачкајте со маслиново масло.

Чекор 4: Печете на 200 степени 5 минути.

Чекор 5: Сервирајте!

СОВЕТ: Наместо лиснато тесто, може да го употребите вашето омилено тесто за пити или тарт.