Видео рецепт: Чоколаден тарт со карамел
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба:
- 1 ¼ шолја брашно
- ¼ од шолја мелени бадеми
- ¼ од шолја какао
- прстофат сол
- ¼ од шолја шеќер
- 120 гр. путер
- 1 јајце
- 1 лажичка рум екстракт
- За КАРАМЕЛ ќе ви треба:
- 1 ½ шолја шеќер
- ½ шолја вода
- ½ шолја млечна павлака за готвење
- 70 гр. несолен путер
- За ЧОКОЛАДНА СМЕСА ќе ви треба:
- ½ шолја млечна павлака за готвење
- 120 гр. чоколадо за готвење
Фичо ќе подготви раскошен колач со чоколадо и слој од домашен карамел, вистински погодок во секоја прилика.
Подготовка
Чекор 1: Од сите состојки за тестото замесете тесто. Во зависност од тоа каков путер користите можеби ќе треба да додадете една или две лажици вода. Завиткајте го тесото во фолија и ставете го во фрижидер да се стегне. Извадете го од фрижидер, расукајте го и постелете го во тавче за тарт. Врз тестото ставете хартија за печење и наполнете го со грав, леќа или камења за печење. Печете на 200 степени околу 12 минути. Извадете го од рерна, тргнете ја хартијата и допечете го уште 2-3 минути. Оставете го да се олади во тавчето.
Чекор 2: Во сад ставете ја водата, шеќерот и зовријте ги додека не добиете кафеава боја. Тргнете го садот од рингла и додадете млечна павлака за готвење. Мешајте со шпатула. Вратете го садот на рингла и гответе го уште 1-2 минути. Повторно тргнете го од оган и додадете го путерот. Мешајте и додадете малку сол.
Чекор 3: Наполнете го тестото за тарт и оставете го во фрижидер околу 4-5 часа, или пократко во замрзнувач.
Чекор 4: Во садот за сос ставете ја млечната павлака за готвење и загревајте ја до зовривање. Во друг сад ставете го чоколадото, полејте го со павлаката и мешајте додека не се изедначат. Прелејте врз карамелот и оставете го тартот во фрижидер уште 2-3 часа.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: Овој десерт е многу калоричен, па затоа сечете потенки парчиња.