Испечати

Видео рецепт: Посен колач со ореви и афион

Видео рецепт: Посен колач со ореви и афион

Состојки

  • За ТЕСТО ќе ви треба:
  • 250 мл. кисела вода
  • 500 гр. брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 сув квасец
  • 1 шолја масло
  • За ФИЛ ОД ОРЕВИ ќе ви треба:
  • 250 гр. ореви
  • 150 гр. мармалад од кајсии
  • 125 гр. шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • рендана кора од 1 лимон
  • За ФИЛ ОД АФИОН ќе ви треба:
  • 250 гр. мелен афион
  • 150 гр. мармалад од вишни
  • 125 гр. шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • рендана кора од 1 лимон
  • За ПРЕМАЧКУВАЊЕ на корите ќе ви треба:
  • по 2-3 лажици од секој мармалад

Денес ќе готвиме заедно со Валентина, готвач член на нашата веб-страница. Таа ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Посен колач со ореви и афион

Раскошен посен колач, со филови од ореви, афион и мармалади од кајсија и вишна. Дали ви треба уште некоја причина за да го пробате?

Подготовка

Чекор 1: Во брашно0то додајте го квасецот, шеќерот, киселата вода и маслото, па замесете меко тесто. Поделете го на три еднакви делови. Секое топче исукајте го во четириаголна кора со големина на Ростер тавата.

Чекор 2: Сомелете ги оревите и афионот.

Подгответе ги филовите. Во оревите додајте мармалад од кајсии, шеќер во прав, ванилин шеќер и кора од 1 лимон. Во афионот додајте мармалад од вишни, шеќер во прав, ванилин шеќер и кора од 1 лимон. Филовите треба да се густи, не додавајте премногу мармалад.

Чекор 3: Првото тесто ставете го во тавата, избоцкајте го на неколку места и премачкајте со мармалад од кајсии. Потоа распоредете го филот од ореви. Филот е густ и со лажица распоредете го по цела површина, а потоа со рамна лажица притиснете го да се распредели насекаде.

Чекор 4: Ставете ја втората кора, премачкајте со мармалад од вишни по целата површина, па нанесете го филот од афион. Филот распоредувајте го на ист начин со лажица како и првиот фил.

Чекор 5: Ставете ја третата кора од колачот и оставете го колачот половина час во фрижидер. Потоа печете во загреана рерна на 200 степени, 35 минути.

Чекор 6: Сервирајте и посипете со шеќер во прав.

СОВЕТ: Не ставајте премногу шеќер во прав, бидејќи колачот е многу благ. По вкус, може да намалите од количината на шеќерот во филовите.