Испечати

Видео рецепт: Солена компир торта

Видео рецепт: Солена компир торта

Состојки

  • 1 кг. компири
  • 1 јајце
  • 2 големи лажици путер
  • 150 гр. кашкавал
  • 100 гр. презла
  • сол и бибер
  • гранче копар

Денес ќе готвиме заедно со Лудо, готвач член на нашата веб-страница. Таа ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Солена компир торта.

Уште една идеја за подготовка на компирите, како солена торта, со вкус на кашкавал и копар.

Подготовка

Чекор 1: Компирите сварете ги со лушпа, така ќе впијат помалку вода и пирето ќе биде покомпактно. Оставете ги да се оладат или изладете ги во ладна вода, излупете ги и направете пире. Додадете ги јајцето и путерот и убаво промешајте.

Чекор 2: Тавата за печење премачкајте ја со масло по дното и страните и убаво наросете со презла. Половина од смесата со компири распоредете ја на дното, па над неа изрендајте кашкавал и додајте малку сечкан копар. Потоа ставете ја преостанатата смеса од компири и најгоре добро наросете со презла.

Чекор 3: Печете во рерна на 200 степени, 30 минути, или додека презлата да добие златна боја.

Чекор 4: Сервирајте додека е топло.

СОВЕТ: Во филот на средината ние ставивме кашкавал и копар, а вие може да додадете и печурки, коцкички салама и други зачини по ваш вкус.