Сок од праски
Состојки
- 5 кг праски
- 4 кг вода
- 1 кг шеќер
- 2 пакетчина лимонтус
Подготовка
1. Праските ги чистиме од коските. Ги сечиме на коцки. Ги блендираме во блендер. Течноста ја процедуваме низ цедалка. Во тенџере ги ставаме изблендираните праски, водата, шеќерот и лимонтусот.
2. Вариме 20 минути откако ќе почне да врие. Се собира пената која ќе се направи на површината.
3. Топлиот сок го ставаме во топли шишиња. Шишињата ги завиткуваме со ќебе додека не се изладат.
Забелешка – бидејќи јас го правам и веднаш го конзумираме, сокот го собирам топол во пластични шишиња. Ги оставам на собна температура да се изладат и го чувам во фрижидер. Доколку сакате да го чувате подолго и за во зима тогаш ставетего во стаклени шишиња како што напишав погоре.