Испечати

Орео чизкејк (без печење)

Орео чизкејк (без печење)

Состојки

  • основа
  • 250гр орео кекси
  • 80гр путер
  • крем
  • 300гр крем сир
  • 50гр шеќер во прав
  • 10гр желатин
  • 50мл вода
  • 200мл слатка павлака + 50гр бело чоколадо
  • 100гр орео кекси
  • за декорација
  • 50мл слатка павлака
  • 50гр црно чоколадо (70% какао маса)

Подготовка

Декоративно, лесно, вкусно
Пробајте

Во сецко соединете ги целите орео кекси со путерот.
Тоа е основата.
По желба може да го правите во калап бр.26 или помали во различни модли.
Изборот е ваш.
Мене посимпатични ми беа во мали модли за колачи.
Оставете ги во фрижидер додека се спрема кремот.
Во еден сад се ставаат слатката павлака и шеќерот и се соединуваат со миксер.
Желатинот се става во ладна вода да набабри.
Потоа се става на тивок оган желатинот, но не смее да проврие.
Сега во изматената слатка павлака се додаваат желатинот, растопеното бело чоколадо.
Постепено се додава крем сирењето и убаво сето се соединува.
Во кремот се додаваат грубо исецкани орео кекси.
Врз основата се нанесува кремот.
Се остава во фрижидер да се стегни.
Се декорира со соединети слатка павлака и чоколадо на тивок оган.
Се чува во фрижидер уште 15 минути и се декорира по желба.

Совет- до колку сакате основата да ви е посочна, слободно додадете и 40мл сок од портокал, вишна......