Испечати

Слатка пита со тиквички и афион

Слатка пита со тиквички и афион

Состојки

  • 250 гр кори или 10 листа тенки кори
  • 500 гр чистена тиквичка
  • прстофат сол
  • 8 лажици афион
  • 6 лажици шеќер
  • 4 лажици гриз
  • 1 јајце
  • За премачкување на корите
  • 50 мл путер или масло
  • 50 мл кисела вода
  • За премачкување на питата
  • 4-5 лажици кисела павлака
  • 30-40 гр путер
  • шеќер во прав за посип

Подготовка

Бидејќи сакам да екпериментирам постојано со вкусовите, а си добив еден куп тиквички, па како не сум за фрлање храна, а постојано јадеме солено подготвена храна со овој зеленчук, се решив да направам и некоја сладок деликатес. Е па интересно вкусна беше питава, да си ја пробате.

Подготовка
1. Тиквичката излупете ја, а ако е поголема отстранете и ги семките. Чистата тежина треба да и е 500 гр. Нарендајте ја, посолете ја и оставете ја да пушти вода. Со силно стегање помеѓу дланките исцедете ја убаво од течноста. Помешајте ја со останатите состојки за фил.
2. Редиме кора па ја попрскуваме со помешаното масло со вода, повторно кора која ја попрскуваме, па редиме на почетокот фил и виткаме ролат. Ги редиме во тавче сите 5 ролати со кои сме постапиле исто.
Гледаме да ни стаса фил за сите кори.
3. Ролатите ги премачкуваме со кисела павлака, им ставаме мали парченца путер и ги ставаме да се печат на 200 степени околу 20 минути или додека да поруменат.
4. Исечете ги на парчиња и посипете ги со шеќер во прав.

Забелешка
Афионот може да биде и мелен, јас ставив немелен, ама затоа пак ставив некоја лажица повеќе гриз, затоа што ми стана малку повеќе влажна смесата за филот.