Испечати

Посни кроасани

Посни кроасани

Состојки

  • 150мл млако бело вино
  • 150мл млака вода
  • 450гр бело брашно
  • 50гр ржано брашно
  • 20гр свеж кавасец
  • 3 лажици масло
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 1/4 лажиче пециво
  • 140гр маргарин

Подготовка

Во млаката вода се ставаат квасецот и шеќерот.
Се промешува и се додава 1 лажиче брашно.
Од кога квасецот се активирал постепено се додаваат виното, маслото, солта, пецивото и брашното.
Се замесува средно тесто кое не мора да кисни, туку одма се работи.
Се дели на 9 топки.
Секоја се расукува во мала коричка.
8 корички се премачкуваат со маргарин и се редат една врз друга.
Деветта коричка не се премачкува.
сега од сите заедно 9 корички се сучи голема кора.
Со алатка се сече на триаголници.
Се виткаат кроасаните.
Се редат во плех, киснат околу 30 минути (мислам и тоа им беше многу на ова жешко време) се премачкуваат со малку растопен маргарин, се насолуваат со црн сусам и се печат на 200 степени околу 20 минути.