Испечати

Зачинето и похувано сирење

Зачинето и похувано сирење

Состојки

  • 500гр. тврдо, овчо сирење
  • 2 јајца
  • 100гр. лебни трошки
  • 100гр. брашно
  • зачини мешан зачин, бибер, луки оригано

Подготовка

1. Сирењето, се сече на парчиња со дебелина од околу 1см.

2. Јајцата се матат со вилушка и во нив се ставаат зачините (вегета, биберот, лукот и ориганото).

3. Секое парче сирење, прво се валка во брашно, потоа се става во смесата од јајца и зачини и на крај се валка во лебните трошки.

4. Вака припремани парчињата се оставаат во фрижидер, околу половина час, за да се стегнат и убаво сирењето да прими од зачините.

5. На крај, се пржат во загреано масло, додека убаво не заруменат од двете страни, па се ставаат на хартиена салфета за да се впие вишокот маснотија.

Добар апетит!