Испечати

Печени пиперки во бел сос

Печени пиперки во бел сос

Состојки

  • 1кг печени пиперки
  • 500гр павлака
  • 1 кутија крем сирење
  • 100гр благо млеко
  • 50гр маргарин

Подготовка

Се печат пиперките се лупат и се стават во подлабок сад се посолуват.
Од наведените состојки правиме бел сос. Најпрво во едно тавче го топиме на тивок оган маргаринот. Се додава павлаката, крем сирењето и благото млеко. Мешаме и добиваме смеса која ја тргаме од шпоретот и полека ја истураме врз пиперките.
Украсуваме со магдонос ги ставаме во фрижидер да постојат 15 мин. Добар апетит!