Испечати

Брзи уштипци

Брзи уштипци

Состојки

  • 370-400гр брашно
  • 1 јајце
  • 25гр свеж кавасец
  • 100мл млеко
  • 120 мл вода
  • 1 лажиче сол
  • 1/4лажиче шеќер
  • масло за пржење

Подготовка

Во млаката вода се раствораат шеќерот и квасецот.
Постепено се додаваат млекото, солта, јајцето и се мати со миксер 1 минута.
Нека одмори 5 минути.
Потоа се додава брашното. Се замесува.
Треба да биде лепливо.
Нека кисни 30 минути.
Потоа се намрсува 1 лажица, се зема од смесата и се пржат на умерен оган од двете страни.
Се сервираат со јогурт, сирење, џем......