Фантастичен рецепт за питаброд
Состојки
- 25гр свеж квасец
- 300мл млеко
- 1лажиче сол
- 2-3 лажици маслиново масло
- 50гр ржано брашно
- 350-370гр бело брашно
Подготовка
Многу меки лепињи, кои кога ќе се пресечат имаат џеб кој може да се полни со омилената салата, со скара, со преливи, со печени колбаси.........
Прво во половина од млекото се става квасецот, неколку зрна шеќер и се промешува.
Постепено се додава остатокот од млекото, солта, маслото, па брашното .
Се замесува тесто кое не смее да лепи на рацете.
Се покрива и се остава 20 минути да кисни.
Потоа се дели на 8 топчиња.
Секое се расукува во мала коричка, колку мало тајнирче.
Се редат во плех по 4.
Се печат во претходно загреана релна на 250 степени.
Од кога ќе се надујаат, им треба уште 4-5 минути печење.
На здравје