Домашни орео кекси
Состојки
- 200гр путер
- 100гр шеќер во прав
- 1 жолчка
- 1 ванила
- 280гр брашно
- 50гр квалитетно какао
- прстофат сол
- крем за спојување
- 150гр путер со вкус на слатка павлака или маргарин
- 150гр шеќер во прав
- 1 ванила
Подготовка
Зошто да купуваме орео кекси по висока цена, кога се толку едноставни за спремање, а при тоа домашните се многу вкусни и без никакви адитиви.
Можете да ги користите самостојно или пак во торти, во комбинација со сладолед........
Прво се спрема тестото.
Во вангличка се ставаат путерот исечен на мали коцки, шеќерот, ванилата, солта и жолчката.
Со миксер се соединуваат сите состојки.
Потоа постепено се додаваат брашното и просеаното какао.
Се замесува тесто кое не лепи на рацете.
Се покрива тестото со најлонска фолија и се остава во фрижидер 30 минути.
Потоа се сучи кора, се вадат округли форми, до колку имате печат за колачи, слободно декорирајте ги.
Се редат во плех и се печат по 10 минути.
Нека се изладат убаво.
Путерот се сече на ливчиња, се додава ванилата и шеќерот во прав.
Се мати со миксер убаво околу 5-6 минути.
На половина од испечените орео кекси се става од кремот за спојување, а врз нив останатите половинки орео кекси.
Сервирајте и уживајте.