Испечати

Пилешки стек со грашок

Пилешки стек со грашок

Состојки

  • 1 парче од 450 гр пилешки гради
  • 200 гр замрзнат грашок
  • 1 поголем морков
  • 1/4 мала главица кромид
  • по вкус сол, бибер и мешан сув зачин
  • 1 лажица путер
  • по потреба масло
  • по потреба брашно
  • 150 мл млеко

Подготовка

Еве еден предлог за брз и вкусен ручек.
Пилешкито бело месо исечете го на тенки шницли, зачинете ги по вкус, извалкајте ги во брашно и испржете го на малку масло.
Во друга тава со 3-4 лажици масло малку запржете го кромидот и морковот ситно исецкани. Додајте го грашокот и 1/2 чаша вода, зачинете по вкус и динстајте го додека испари течноста. Спрема варењето на грашокот ако е потребно додадете и повеќе вода. Тргнете го на страна.
Кога е испржен стекот во тавата додајте го путерот, млекото, стекот и готовиот грашок. Оставете го да проврие само 1-2 минути, сосот одма ќе се згусти и внимавајте да не загори помеѓу месото лесно промешајте.
Послужете го топло со салата по желба.