Сафир салата
Состојки
- 1 поголем модар патлиџан или 2-два помали
- 1 поголем домат или 2-два помали
- 2 помали пиперки
- 300 мл. кисела павлака
- 2 чешниња лук
- 2 лажици насецкан магдонос
- 1 лажица масло - најдобро маслиново
- на вкус сол и бибер
Подготовка
Турски е рецептот, така вели Мучика - кај која што има добри турски мезалаци- така велам и јас.
- Испечете го модриот патлиџан, излупете и ситно исецкајте, оставете малку да се исцеди.
- Насецкајте ги доматите, пиперките. Додадете ја киселата павлака, исцедениот модар патлиџан, насецкајте или стиснете преку преса лукчето, магдоносот, зачинете на вкус, додадете го маслото, измешајте. Ставте во фрижидерот и имајте трпение барем 1 час и нека се олади.
При послужувањето ако сакате додадете одозгора повторно малку масло. Сепак останува тоа на вашиот вкус. Како сакате.
Вака приготвена немам никаква забелешка да оставам освен дека навистина е вкусна.